Во изедначен и до крај неизвесен натпревар, новиот суперлигаш Бутел на домашен терен го победи Пелистер со 29-26 во 3. коло од ракометната Супер лига.
Бутел, предводен од поранешниот македонски репрезентативец, Златко Мојсоски во првото полувреме во поголем дел беше во предност. Скопскиот суперлигаш стигна до највисока предност од +4 поведувајќи со 12-8, а на одмор домаќините замина со резултат 15-13.
Гостите од Битола го засилија темпото во второто полуврме и успеаја да изедначат, а потоа неколку пати и да го преземат водството. Но, во завршните десетина минути, ракометарите на Бутел беа посигурни и попрецизни. Марко Мајиќ и Горан Печенковски ја презедоа одговорноста во нападот и домаќините во завршницата влего со предност од 26-24.
На спротивната страна Борјан Маџовски го држеше Пелистер во игра. Но, погодокот на Јовица Младеновски за 27-24 ги урна надежите на Битолчани и ја запечати втората победа на Бутел во суперлигашкото превенство.
Златко Мојсоски со девет погодоци беше најефикасен во победата на Бутел , а кај Пелистер листата на стрелците ја предводеше Борјан Маџовски со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА