Португалскиот стратег Жозе Мурињо би можел многу брзо да го напушти „Олд Трафорд“ и да добие отказ од менаџерската позиција во Манчестер јунајтед. Последниот пораз од Вест хем (3-1) го запали црвениот аларм кај раководството на клубот, и во наредните неколку дена сериозно ќе се разгледува позицијата на Мурињо. Иако ќе биде потребна огромна отштета за да си замине, медиумите на Островот веќе го најавуваат Зинедин Зидан како можен нов предводник на „црвените ѓаволи“.
Тој пред неколку дена пристигна во Лондон, на гала-свеченоста на ФИФА, а сепак тоа се поврзува и со можноста да седне на клупата на Манчестер јунајтед. Зидан освои три последователни европски титули со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа си замина од „Сантијаго Бернабеу“. Работа во Премиер – лигата, и тоа на кормилото на Манчестер јунајтед секако би била нов голем предизвик за Французинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА