Реал Мадрид не го искористи „киксот“ на Барселона против Атлетик Билбао, за да се одвои на првото место во Ла Лига. „Кралевите“ не успеаја да слават во мадридското дерби против Атлетико. Мечот заврши без голови, а тренерот Хулен Лопетеги вели дека на неговиот тим му недостигал – единствено погодок.
„Заслуживме да победиме. Но, не може да освоите три бода доколку не постигнете гол. Тимот одигра добро, во еден комплексен натпревар, можам да кажам дека бевме супериорни во однос на противникот, но се е залудно кога не ги искористивме нашите шанси“, изјави Хулен Лопетеги.
Реал Мадрид на последните два меча не успеа да постигне гол во Ла Лига, а тоа последен пат се случило во 2011 година, под раководство на Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА