Соиграч на Пандев испишува историја во „Серија А“

Џенова се искачи на седмото место на табелата со триумфот на гостувањето против Фросиноне од 1-2, на кој Кжиштов Пјатек продолжува да испишува историја на италијанскиот фудбал. Младиот полски голгетер ја продолжи неверојатната низа постигнувајќи два гола во првото полувреме, со што стана прв играч по пауза од 69 години што на стартот од една сезона во првите шест кола успеал да постигне осум погодоци. Претходно тоа му успеало само на Карл Аге Хансен од Аталанта, на почетокот од сезоната 1949/50. Горан Пандев беше стартер и остана на теренот до 68. минута, кога беше заменет со Переира.

Фиорентина ја доби пресметката со Аталанта со 2-0 по сомнително досудениот пенал што Веретут ја претвори во гол, пред Бираги да стави точка на натпреварот со погодок во четвртата минута од судиското продолжение.

Торино стигна до цел плен на гостувањето против Киево благодарение на голот на Симоне Заза во 88. минута.

 

Резултати Италија:

Болоња – Удинезе 2-1, Фиорентина – Аталанта 2-0, Киево – Торино 0-1, Фросиноне – Џенова 1-2.

Се вчитува...