Секој нов ден се поголеми се шансите за заминување на Жозе Мурињо од клупата на Манчестер јунајтед, а британските медиуми зачестуваат со шпекулациите околу можните опции за наследник на „специјалниот“ на клупата на најтрофејниот англиски клуб.
Зинедин Зидан останува главен фаворит во оваа трка, дел од медиумите денеска објавија дека Зизу дури и имал средба во Лондон со претставници на Јунајтед, но според последните информации како резервна опција „ѓаволите“ го имаат Антонио Конте. Имено, управата на клубот смета дека во тим со премногу ѕвезди му е неопходен стратег што ќе знае да наметне челична дисциплина, а Конте е најдобар токму во тој дел од тренерската работа.
Како што стојат работите, Мурињо ќе го води тимот на претстојниот дуел од ЛШ против Валенсија, а евентуален неуспех ќе значи и негов сигурен отказ во пресрет на мечот против Њукасл закажан за наредната сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА