Металург го претрпе и третиот пораз во низа од стартот на сезонава во Лигата на шампионите, а тренерот Данило Брестовац на прес-конференцијата по натпреварот истакна дека неговиот тим одиграл во рамките на своите можности.
„Пред се честитки до противникот на заслужената победа, знаевме со што ќе се соочиме, цврста екипа со долга клупа. Мислам дека можеме да се надигруваме, дека одигравме коректно, во рамките на нашите можжности. Ме радува што Велковски се враќа во форма, а повторно се покажа дека ни недостига ротација на левата страна, за да можеме да ги одмориме Халил и Марио. Имавме добри и лоши моменти, но севкупно гледано не сум разочаран, можеме да извлечеме некои позитивни работи и да играме уште подобро на следните натпревари, на кој се надевам дека ќе се израдуваме и на првата победа во ЛШ“ – изјави Брестовац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА