Венцислав и Дејан Недев минаа успешен ЈКА карате семинарот со Сенсеи Такенори Имура – 8 дан кој изминатиов викенд се одржа во Берлин, Германија.
На семинарот учествуваа повеќе од 200 каратисти од повеќе држави од Европа, меѓу кои и Македонија преставувана од Венцислав и Дејан Недев кој на Сенсеи Имура му подарија монографија за 50 години карате во РМ.
На семинарот беа презентирани врвни карате техники и нови тренажни методи за постигање на врвни резултати во карате спортот. Следен ваков семинар ќе се одржи со Сенсеи Татсуја Нака во Париз, Франција во месец ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА