Македонскиот фудбалски судија Александар Ставрев ќе има нови европски обврски. Тој ќе го суди мечот од Лигата на Европа меѓу Малме и Бешикташ.
На Ставрев ќе му асистираат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврти судија е Никола Караколев. Судии зад голот се Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Делегат на УЕФА е Бернхард Нојхолд од Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА