Следната година во Париз ќе се одржи Конгрес на ФИФА за избор на претседател на Светската фудбалска асоцијација. Фудбалската федерација на Македонија својата поддршка ќе ја даде за актуелниот претседател, Џани Инфантино.
„Цврсто веруваме во стратегијата и мисијата и искрено го подржуваме Џани Инфантино за претседател на ФИФА, а ФФМ ќе продолжи да го дава својот придонес во насока на реализација на идеите и идните проекти кои секогаш се насочени кон развој на фудбалот. Во изминатиот период Џани Инфантино докажа дека е исклучителен лидер спроведувајќи низа новитети и реформи во Светската фудбалска асоцијација. Веруваме дека актуелниот претседател заедно со својот тим е способен да се соочи со следните предизвици и уште повеќе да го зацврсти интегритетот на ФИФА“ – се вели во дописот на Фудбалската федерација на Македонија.
Конгресот на ФИФА за избор на претседател ќе се одржи во Париз на 5. јуни 2019 година.
Претходно, како што е познато, ФФМ даде поддршка и за новата кандидатура на Александар Чеферин за нов мандат на челната позиција на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА