Арјен Робен ги оцени како смешни коментарите на дел од германската јавност дека Баерн Минхен се наоѓа во сериозна криза. Баварскиот гигант ремизираше со Аугсбург, потоа и загуби од Херта, со што падна од првото место на табелата, но Робен не е загрижен и верува дека победничкиот дух експресно ќе се врати во неговиот тим.
„Баерн е во криза? Немојте да се шегувате… Каква криза кога и против Аугсбург и против Херта имавме безброј шанси за гол, но не ги реализиравме. Во фудбалот е јасно, за да се победи мора да се даде гол, ние имаме мал проблем од тој аспект но не може да се говори за криза. Не сме ниту нервозни, веруваме во себе и знаеме дека наскоро повторно ќе даваме многу погодоци“ – истакна Робен.
Баерн Минхен вечерва во 21 часот ќе го пречека Ајакс во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА