Вардар игра одлично во првенството на Македонија, а сака да продолжи позитивно и во Купот. Утре „црвено-црните“, со почеток во 15 часот, ќе го играат реванш натпреварот од осминафиналето во најмасовното натпреварување и ќе атакуваат на триумф против Македонија ЃП. Првиот меч заврши 1-1, па вардарци имаат императив за победа.
Репрезентативецот Кристијан Тошевски верува дека Вардар ќе продолжи во победнички ритам.
„Очекувањата се секогаш големи кога е во прашање Вардар. Покрај тоа што одиме на првото место, од нас се бара да атакуваме и на пехарот во Купот. Имаме 1-1 од првиот натпревар, и тоа значи дека утре ќе треба како знаеме да постигнеме еден гол. Верувам дека тоа ќе го сториме и дека ќе одиме во следната фаза од Купот. Играме добро, во добра форма сме, и јас верувам дека добрите резултати и победите од првенството ќе продолжат и во Купот“, изјави Тошевски за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА