Победа по една година повторно се враќа во Прилеп

Прилепска Победа, по повеќе од една година, повторно се враќа во својот град, под Марковите кули, на еден официјален натпревари во рамките на натпреварувањата под капата на ФФМ.

Челниците на Победа се одлучија денешниот реванш натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија против Гостивар да го играат на стадионот „Могилата на непобедените“. По првиот натпревар, кој се одигра во Гостивар, прилепчани имаат предност од 2-1.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш натпревари)

ДЕНЕСКА – 15 часот

Пехчево: КИТ ГО – ШКЕНДИЈА (0-2)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-0)

Струмица: БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР (2-0)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (1-0)

Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ (2-0)

Прилеп: ПОБЕДА – ГОСТИВАР (2-1)

Турново: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА (6-2)

КОРАБ – слободен

Се вчитува...