Станковски ги повика Фазлагиќ и Чурлинов во селекцијата до 19 години

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два пријателски натпревари против соодветните селекции на Полска и на Англија, а селекторот Горан Станковски во составот ги повика и Енис Фазлагиќ и Дарко Чурлинов. Тоа се фудбалери кои веќе играат и за младиот национален тим до 21 година.

„Како предводник на оваа репрезентација за мене ова е втора можност на натпревар да се уверам во квалитетите на селекцијата и индивидуалните можности на фудбалерите. За двата меча против Полска и Англија повикавме неколку нови фудбалери (Хајдари, Перчевски, Страторски, Јакимовски) во однос на претходниот собир и се надевам дека сите ќе ја оправдаат довербата на овие силни тест натпревари и ќе се борат за место во тимот на квалификациските натпревари. Во екипата се и Фазлагиќ и Чурлинов, прв пат со мене како селектор, но тие се многу важна алка и исклучително потребни за секој меч. Квалификациите започнуваат на 14 ноември во Чешка и за нас е битно да имаме силни контролни дуели како двата што следуваат“, вели Станковски.

Првиот меч е против Полска, на 11 октомври, а пет дена ќе се игра против Англија во Бирмингем.

СОСТАВ

ГОЛМАНИ: Бојан Тимевски (Саса Каменица), Стефан Јакимовски (Њу Старс)

ОДБРАНА: Зоран Ивановски (Академија Пандев), Адријан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Филип Антовски (Вардар), Џејми Перчевски (Фортуна Дизелдорф, Геманија), Стефан Симоновски (Генц Калемлер), Стефан Наумчевски (Вардар), Ангел Страторски (Горица, Словенија)

СРЕДЕН РЕД: Анес Османовски (Унтерахинг, Германија), Томче Гроздановски (Тренчин, Словачка), Али Адем (Вардар), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Алекс Талески (Вардар)

НАПАД: Јакуп Бериша (Вардар), Марио Наумоски (Победа), Енсар Љума (Шкендија), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија).

Се вчитува...