Не е цртан филм…„Џери“ му го кажа вицот на Том…Вардар пак елиминиран од Купот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар игра одлично во првенството, но никако да го освои Купот. Трофејот од најмасовното натпреварување одамна нема стигнато во витрините на најтрофејниот клуб, а ќе почекаат „црвено-црните“ најмалку уште една сезона. Македонија ЃП успеа да направи сензација и да го елиминира Вардар, совладувајќи го со 2-1 на стадионот во Ѓорче Петров. Александар Васоски се реши да настапи со комбиниран тим, без неколкумина стандардни првотимци, и тоа му се одмазди…

Христијан Кировски – Џери, фудбалерот кој ја почна кариерата во Вардар, ги постигна двата гола за Македонија ЃП на овој меч. По триумфот, големо славје на „лавовите“ кои апсолутно заслужија со пожртвуваната игра да го елиминираат Вардар.

 

Се вчитува...