Невиден грабеж во младинската ЛШ: Аут од центар, три топки на терен… и гол што не го фати камера (видео)

Неверојатна завршница имаше дуелот на младинските екипи на Наполи и на Ливерпул, во која „наполитанците“ со контроверзен погодок во последните секунди стигнаа до реми.

Беше досуден аут за домашниот тим на средината од теренот, и камерата што вршеше предност беше на фудбалерот што требаше да го изведе, па гостинските играчи беа шокирани кога топката одненадеж се најде во нивниот шеснаесетник и заврши во мрежата. Згора на тоа, пред очите на судијата во истите моменти се најде и втора топка, дваесетина метри внатре во теренот, третата беше во рацете на играчот што тргна да изведува аут на средина од теренот, но и тоа не беше доволна причина за голот да биде поништен.

„Црвените“ беа бесни, но добија само жолти картони за приговорите кон судиите, за случката за која можеби УЕФА ќе се изјасни со официјално објаснување во деновите што следат…

 

Се вчитува...