Подмладениот Работнички пак не победи, ама се протна во четвртфиналето (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички ја продолжи серијата без победа и на денешниот куп – натпревар против Тиквеш, но, сепак, успеа да се протне во четвртфиналето на најмасовното фудбалско натпреварување. Тренерот Ѓоре Јовановски им даде шанса и на дел од помладите сили, а Љавдрим Фазлиу му возврати со погодок.

На крајот мечот заврши 1-1, а „романтичарите“ одат понатаму поради минималниот триумф на првиот меч во Кавадарци.

 

 

Се вчитува...