Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Добринко Илиевски го соопшти списокот репрезентативци за последните два квалификациски натпревари против Русија и против Гибралтар за пласман на ЕП 2019.
Во селекцијата ќе ги нема Фазлагиќ и Чурлинов кои се приклучени на репрезентацијата до 19 година, но меѓу повиканите 20 фудбалери има четири нови имиња…
„Пред нас се последните два натпревари од овој циклус. Играме со Русија, квалитетна селекција која се бори за втората позиција, а потоа против Гибралтар на меч на кој мора да победиме. Фазлагиќ и Чурлинов овојпат се со селекцијата до 19 години, да помогнат со оглед дека ги очекуваат квалификации. Нови имиња се Агрон Руфати, Оливер Стоименовски, Кристијан Трапаноски и Кристијан Трајчески, а повратник е и Енур Тотре. Полека се прави селекција и за следниот циклус, помлади момци да почувствуваат како е да се биде дел од репрезентацијата до 21 година“ – истакна селекторот Илиевски по соопштувањето на списокот.
На 12. октомври не очекува гостинскиот дуел против Русија, на 16. октомври во Скопје го пречекуваме Гибралтар.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЕЧЕВИТЕ СО РУСИЈА И СО ГИБРАЛТАР…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА