Германски „Билд“ открива дека ситуацијата во Баерн е повеќе од алармантна и дека Нико Ковач веќе ја губи довербата во соблекувалната.
По три меча без победа расте сомнежот дека Ковач, кој во првите седум меча запиша исто толку победи, е подготвен да води тим како Баерн Минхен.
Германците откриваат дека Хамес Родригез полудел во соблекувалната по последниот натпревар…
„Ова не е Франкфурт“ – наводно „урлал“ Колумбиецот кој минатата сезона беше еден од клучните фудбалери на Баерн, а сега е незадоволен од статусот кој го ужива кај Ковач.
Но, „Билд“ пренесува дека не е само Родригез незадоволен но и многу други ѕвезди од тимот на кои им смета што во соблекувалната и околу неа се зборува само хрватски од страна на браќата Ковач, тренерот на голманите Тони Топаловиќ и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. А со тоа не бил воодушевен и помошниот тренер Петер Херман.
Претходно и претседателот на Баерн, Ули Хенес јавно го предупреди Ковач дека мора да престане да ги ротира фудбалерите и да почне да победува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА