Играчот за врска на ПСЖ, Адриен Рабио, и четврти пат одбил да ја продолжи соработката со клубот. „Светците“ му понудиле годишна плата од 9 милиони евра, но тој има категоричен став дека не сака да остане на „Паркот на принцовите“.
Раководството на Пари Сен Жермен се обидува по секоја цена да го убеди Рабио да ја продолжи верноста, затоа што следното лето ќе може да си замине како слободен агент. Токму затоа во редот за Французинот чекаат европски гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер сити…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА