Цел Дортмунд го слави Пако Алкасер откако шпанскиот ас за триесетина минути постигна хет-трик и му донесе на својот тим триумф во дуелот со Аугсбург од минимални 4-3. Третиот гол Алкасер го постигна во 96. минута од слободен удар, за точка на оваа суперинтересна пресметка во која Аугсбург има за што да жали.
Гостите два пати водеа, а Борусија израмнуваше со головите на „резервистот“ Пако Алкасер. Марио Геце влезе во игра и даде гол за 3-2 и тотална еуфорија на стадионот, но и тоа беше недоволно за триумф бидејќи гостите во 87. минута израмнија преку Грегорич, во ситуација кога голманот Бурки можеше и многу подобро да реагира.
Борусија имаше две одлични шанси во самата завршница, но Алкасер и Витсел не шутираа најдобро. И тогаш дојде 96. минута и слободен удар од околу 30 метри, гостинскиот голман очекуваше центаршут, Алкасер го изненадени со удар директно во голот, за тотална еуфорија меѓу навивачите на Борусија Дортмунд.
Шалке по очајниот старт на сезоната успеа да врзе две победи, овојпат триумфирајќи во Дизелдорф над Фортуна со 0-2 со головите на Мекени и на Бургшталер.
Резултати Германија:
Борусија Д. – Аугсбург 4-3, Фортуна – Шалке 0-2, Хановер – Штутгарт 3-1, Мајнц – Херта 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА