Гостивар славеше со над екипата на Кожув (70-69) во најинтересниот од денешните четири средби од првото коло во кошаркарската Прва лига на Македонија. Американецот Фустингер беше човекот на одлука, создавајќи им многу проблеми на гостите во борбата под обрачите и носејќи им ја победата на гостиварци, кои повторно ја имаа поддршката на својата публика.
На почетокот и двете екипи имаа проблеми со ефикасноста, па во првите пет минути беа постигнати вкупно 11 поени (6-5). Кожув со нешто подобра игра во завршницата ја доби стартната четвртина со 11-15, на стартот од вториот период гостите имаа и 11-19, но гостиварци успеаја експресно да се вратат. Третиот период мина во израмнета игра, во последните десет минути се влезе со израмнети 50-50, за во клучните моменти Фустингер да ја отвори четвртата четвртина со шест поени, на што со тројки се надоврзаа Димчевски и Сегариќ.
Кожув се обиде да се врати, но гостите од Гевгелија немаа сили да одговорат на предизвикот, пред самиот крај на натпреварот преку Штерјов поставувајќи ги конечните 70-69.
Фустингер беше клучна фигура со 32 поени и 14 скокови, Костоски реализираше 11 поени и седум асистенции на прволигашкото деби во дресот на гостиварци, додека кај Кожув најефикасни беа Караколев со 19 и Пековиќ со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА