Алавес со гол во 95. минута го собра „скалпот“ на Реал Мадрид… (ВИДЕО)

Алавес со гол во петтата минута од судиското продолжение успеа да дојде до триумф од 1-0 против Реал Мадрид во 8. коло од Ла Лига.

Вистинско изненадување приредија домашните кои на крајот ја казнија калкулантската игра на „кралевите“ па со погодокот на Гарсија во 95. минута сосема заслужено стигнаа до трите бода…

По овој пораз Реал Мадрид падна на втората позиција на табелата, останувајќи со 14 бода, а Алавес сега е трет со идентичен број бодови.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...