Македонските интернационалци Дарко Велкоски и Леонард Жута останаа без тренер во редовите на Риека, откако словенечкиот стратег Матјаж Кек поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Риека загуби на гостувањето против Горица со 2-1, не знае за победа на последните пет меча, по што Кек ја презеде одговорноста.
„Се чувствувам најодговорен за слабите резултати на тимот. Се слушнав телефонски со претседателот и поднесов неотповиклива оставка. Риека останува мој клуб, но време е да си заминам“, изјави Матјаж Кек.
Леонард Жута беше стартер на денешниот дуел против Горица, додека Дарко Велкоски е повреден, поради што го откажа и настапот во националниот тим на претстојните мечеви со Лихтенштајн и со Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА