Ајнтрахт Франкфурт славеше важен триумф (1-2) на гости против Хофенхајм по што се искачи на седмата позивија на табелата со 10 освоени бода. Хрватско-српскиот тандем Ребиќ – Јовиќ ги донесе трите бода за гостите.
Анте Ребиќ погоди во 40.минута, а Лука Јовиќ зголеми на 0-2 на самиот старт од вториот дел. Нелсон во финишот само постигна почесен гол за Хофенхајм.
Ребиќ во 65.минута заработи црвен картон на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА