Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе се соочат во егзибициски меч во Саудиска Арабија, богатото кралство со 32 милиони жители и ниту еден професионален тенисер на АТП листата.
Надал веќе се забалгодари на организаторите за поканата. Мечот ќе се одржи на мултифункционален стадион на кој вообичаено има фудбалски натпревари или бокс дуели. Пресметката ќе биде во Џеда како дел од „Тенискиот Куп на кралот Салман“.
Српскиот тенисер има подобар биланс во меќусебните дуели со Надал, води со 27-25. Последен пат играа во полуфиналето на Вимблдон, а Ѓоковиќ славеше со 3-2.
Надал и Ѓоковиќ се во трка за првата позиција на АТП листата на крајот од годинава, Шпанецот во мометов е број еден, но тој се повлече поради повреда, а Ѓоковиќ е во топ форма и има можност да ја преземе лидерската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА