Комплетирана селекцијата и со доаѓањето на Ристовски, Митов-Нилсон отсутен поради повреда… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација утрово во комплетен состав го одработи тренингот во рамките на подготовките за престојните два натпревари од Лигата на нациите против Лихтенштајн и против Ерменија.

Последен на подготовките се приклучи дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, па сега селекторот Игор Ангеловски може да стартува со вистинските техничко-тактички подготовки.

Во националниот тим, во однос на претходниот репрезентативен собир, сега се и фудбалерите од средниот ред Аријан Адеми и Ферхан Хасани, а поради повреда ќе недостасува офанзивецот Иван Тричковски кој во извонредна форма во дресот на АЕК Ларнака ја игра оваа година… На денешниот утрински тренинг недостасуваше и голманот Давид Митов-Нилсен кој се жали на мала повреда, но се очекува наскоро да се приклучи на тренинзите на селекцијата.

 

Се вчитува...