Руските фудбалери дивееле и по улиците на Москва: Брутално претепан и случаен минувач… (ВИДЕО)

Руските репрезентативци Александар Кокорин од Зенит и Павел Мамаев од Кубан Краснодар, ги претепале во ресторан во Москва рускиот политичар Денис Пак и неговиот колега Сергеј Гаисан.

Денис Пак, кој е висок руски функционер во министерството за индустрија и трговија и еден од највлијателни луѓе во Москва, им порачал додека седеле во ресторан на алкохолизираните и гласни Кокорин и Мамаев да се смират малку. На тоа двојката насрнала на Пак при што Кокорин со стол го нападнал политичарот кој заработил потрес на мозокот. Сопругата на Кокорин, по инцидентот, му се извинила на Пак наведувајќи дека фудбалерите биле во алкохолизирана состојба.

Рускиот министер за спорт, Павел Колобков порача дека Кокорин и Мамаев повеќе никогаш нема да заиграат за репрезентацијата.

Но, и по тој инцидент се појавија дополнителни снимки кои покажуваат дека разулавеното дивеење на фудбалерите над случајни минувачи и недолжни лица продолжило и по излегувањето од ресторанот.

На паркингот брутално претепале човек кој го паркирал автомобилот. На снимката се гледа дека со ништо не ги провоцира фудбалерите ниту им се спротиставува. Нападнатиот човек успеал за момент да им помогне, но потоа повторно го стигнуваат и заедно со својата придружба дополнително физички го напаѓаат.

По сето ова, се огласи Кубан Краснодар кој информираше дека Мамаев е суспендиран и се работи на тоа да се раскине договорот со него. Од Зенит порачаа дека ќе го чекаат официјалниот полициски извештај пред да ја донесат одлуката за Кокорин. Во секој случај и двајцата фудбалери, ако се покрене обвинение, ги чека и петгодишна затворска казна.

Се вчитува...