Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде да го ангажира левиот бек на Лион, Ферланд Менди. По заминувањето на Лукас Диње во Евертон, тренерот Ернесто Валверде речиси и да нема вистинска алтернатива на оваа позиција за Жорди Алба, иако ги користи Серхио Роберто или Томас Вермален.
Спортскиот директор Ерик Абидал отпочна преговори со раководството на Лион за 23-годишниот фудбалер. Менди има договор со клубот до 2023 година, а дебитираше во дресот на Лион со 19 години.
Претходно Барселона беше поврзувана и со Начо Монреал и Алберто Морено, но двајцата премиерлигашки фудбалери се достапни за трансфер по завршувањето на сезонава, кога стануваат слободни играчи по истекот на нивните договори со Арсенал, односно Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА