Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер, се пронајде себеси во дресот на „милионерите“ и го врати голгетерскиот убиствен инстинкт. Сега е и многу посреќен од периодот кога беше дел од Барселона.
„Горд сум што се вратив во селекцијата на Шпанија. Можам да кажам дека сега сум многу посреќен. Сакав да играм и затоа ја напуштив Барселона. Во Борусија Дортмунд“ се чувствувам одлично“, изјави Пако Алкасер.
Шпанскиот ас беше херој на последниот натпревар од Бундес-лигата против Аугсбург, кога влезе во игра во второто полувреме и постигна хет-трик, вклучувајќи го и голот во 96. минута за победа од 4-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА