Францускиот стратег Зинедин Зидан го напушти кормилото на Реал Мадрид минатото лето, изненадувачки поднесувајќи оставка од функцијата откако третпат последователно ја освои Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“. Сите останаа зачудени од неговата одлука да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по големиот успех, а причината сепак било во несогласувањето со претседателот Флорентино Перез, и тоа за Герет Бејл.
Зидан и Перез се договориле Велшанецот да биде продаден по крајот на сезоната, а средствата да бидат вложени во ангажман на нова голема ѕвезда, Еден Азар или Нејмар. Но, Флорентино Перез се премислил откако Бејл го одлучи финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, кога постигна два гола во триумфот од 3-1.
Зидан тоа не можел да го прифати, се почувствувал изневерен и веднаш донел одлука да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА