Се поголем дел од фудбалскиот свет со потсмев, омаловажување и сериозна критика гледа на новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нации.
Иако е огромна шанса за некоја од помалите фудбалски земји да се најде на ЕП, сепак е натпреварување за кое речиси сите во Европа се согласуваат дека е бесмислено. Па, на оваа тема, по Јирген Клоп кој ја критикуваше УЕФА за ова натпреварување, сега се огласи и хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен…
„Се согласувам тотално со Јирген Клоп. Ова е смешно натпреварување. Нема смисла сега да се играат вакви натпревари. Нема престиж, нема ривалитет, нема ништо. Квалификациите почнуваат дури во март следната година и ова се натпревари кои може да ги наречете како сакате, ама во суштина се пријателски и ништо повеќе“ – вели Ловрен.
Хрватска во првиот свој меч во Лигата на нации доживеа дебакл од 6-0 на гостувањето против Шпанија, но Ловрен вели дека тоа не е ништо потресително во ова безначајно натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА