Македонската репрезентација до 21 година утре во Тула, на стадиониот на Арсенал го игра квалификацискиот натпревар против Русија од циклусот за ЕП 2019 година.
Во таборот на нашата селекција пред утрешниот дуел владее позитивно расположение со желба за позитивен резултат, иако истиот и од некои значење за нас. Русите безусловно ќе атакуваат на победа, но избраниците на Добринко Илиевски велат дека се желни за докажување пред европската јавност.
„Русија е фаворит, се борат за место на Европското првенсто, а ние нема што да загубиме. Во тимот има одлична атмосфера, немавме спортска среќа на последните два натпревари против Србија и Ерменија и се надевам дека тоа сега ќе се смени. Квалитетни сме, веруваме во нашите можности, добро се подготвувавме и целта е да се надигруваме со Русија и да се обидеме да освоиме бодови“ – вели Митровски.
Натпреварот меѓу Русија и Македонија се игра утре со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА