Селекторот на младата репрезентација, Добринко Илиевски – Пижон истакна дека Македонија не допатувале со бело знаме во Русија на претпоследниот натпревар од овој квалификациски циклус за пласман на ЕП кој за нас од поодамна е загубен.
Македонија нема никаква шанси за некаков позабележителен резултат во овој квалификациски циклус, па сега единствено останува борба за себе, за рејтингот на мак-фудбалот и за Македонија младите момци да одиграат и во Русија.
„Јасно е дека играме против силен противник утре на кого бодовите му се важни за пласман на ЕП. За нас иако мечот нема некое резултатско значење сепак тука сме со огромна желба за успех. Градиме една нова селекција која ќе може да игра и во следниот квалификациски циклус. Па, ќе играме за рејтинг, за нас самите и за Македонија и да покажеме дека во овие момци има квалитет“ – истакна Илиевски на денешната прес-конференција во Русија.
Македонија во Русија е ослабена со неиграњето на офанзивците Милан Ристовски и Тихомир Костадинов кои отпаднаа поради повреди. Натпреварот меѓу Русија и Македонија се игра утре со почеток од 18 часот на стадионот на ФК Арсенал во Тула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА