Алегри: Време е да ја освоиме Лигата на шампионите

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, јавно ја истакна целта на клубот за освојување на трофејот во Лигата на шампионите оваа сезона. По седум последователни титули во Серија А, со ангажманот на Кристијано Роналдо, тимот од Торино сега јасно цели кон најпосакуваниот европски клупски пехар.

„Откако седум пати го освоивме првенството на Италија и четири пати бевме најдобри во Купот, сега на ред е Лигата на шампионите. Бевме блиску и претходно, но сега го имаме и Кристијано Роналдо. Тој ја има нашата целосна поддршка за она што му се случува во моментот и би апелирал да го остават на мир. Се враќа и Даглас Коста во тимот и ќе игра против Џенова. Се уште не е јасна ситуацијата со Кедира, но се надевам дека и тој ќе се опорави“, рапортираше Алегри пред италијанските медиуми, во периодот на паузата поради репрезентативните настапи.

 

Се вчитува...