Младата репрезентација на Македонија го запиша и седмиот пораз во квалификациите за пласман на ЕП 2019. Избраниците на Добринко Илиевски во 9. коло од квалификациската група 7 загубија убедливо со 4-1 (3-0) на гостувањето против Русија во Тула.
Русите, кои се борат за пласман на ЕП, целокупната задача си ја завршија во првото полувреме кога стигнаа до убедлива предност од 3-0. Стрелци на головите беа Ахметов во 14. минута, Чалов во 18. минута и Бакаев во 43. минута од средбата.
Во вториот дел на 4-0 зголеми Облаков во 67. минута, за да почесниот гол за македонскиот состав го постигне офанзивецот на Академија Пандев, Марио Крстовски во 74. минута. Мелкадзе со гол во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 5-1.
Македонија последниот натпревар во овие квалификации го игра на 16. октомври во Скопје против Гибралтар.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 – ГРУПА 7 (9. коло)
Русија – МАКЕДОНИЈА 5-1
Србија – Австрија 0-0
ТАБЕЛА: Србија 25 бода, Русија 19, Австрија 19, Ерменија 8, МАКЕДОНИЈА 4, Гибралтар 3 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА