Фудбалската репрезентација на Белгија ја оствари и втората победа во групата А од Лигата на нации, совладувајќи ја на домашен терен селекцијата на Швајцарија со 2-1. Ромелу Лукаку беше стрелец на двата гола за „црвените ѓаволи“, додека Гаврановиќ погоди за Швајцарија.
Во Риека, селекциите на Хрватска и на Англија, без присуство на гледачи, одиграа здодевно реми без голови.
Во групата Б, Австрија ја победи Северна Ирска со 1-0, со голот на Марко Арнаутовиќ. Во групата Ц, Грција минимално го совлада Унгарија со 1-0, со погодокот на Константинос Митроглу.
Во групата Д, Белорусија со 1-0 славеше против Луксембург, додека Молдавија со 2-0 беше поуспешна од Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА