Полскиот интернационалец Кжиштоф Пјатек е новото чудо во Серија А. Тој е соиграч на Горан Пандев во Џенова, и постигна најмалку по еден гол на секој натпревар што го одигра оваа сезона. За него веќе се интересираат најголемите европски клубови, а прва конкретна понуда пристигнала од Наполи. Изминатото лето, „наполитанците“ сакале да го добијат Пјатек за 25 милиони евра, но раководството на Џенова не сакало ниту да слушне за толку мала понуда.
По одличните игри на стартот од сезоната, претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис, ја удвоил понудата и сака да го доведе Пјатек на „Сан Паоло“ за 50 милиони евра во јануари, но и тоа не е задоволително за Џенова.
За Пјатек се интересираат и Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Интер, Јувентус, Вест хем и Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА