Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот мастерс во Шангај откако во полуфиналниот дуел комплетно го декласираше Александар Зверев со 2-0 во сетови (6-2,6-1) за само еден час. Со овој трумф Србинот му се одмази на Зверев за поразот во нивниот единствен меѓусебен дуел, минатата година во финалето на турнирот во Рим.
Победата над Зверев, во 1000. меч во АТП турнејата, на Ѓоковиќ му го носи второто место на АТП листата од понеделник.
Во финалето закажано за утре, српскиот тенисер ќе се соочи со победникот од втората полуфинална пресметка во која ќе играат Роџер Федерер и Борна Чориќ.
Ѓоковиќ ќе игра за 32.титула во кариерата, четврта на мастерсот во Шангај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА