Кожув славеше над Охрид со резултат 92-81, првв триумф на клубот од Гевгелија сезонава по стартниот пораз на гостувањето во Гостивар.
По убедливиот пораз од Работнички во првото коло, охриѓани изненадија со одлична игра во првото полувреме во кое нападот им функционираше беспрекорно, па на одмор заминаа и со минимална прдност од 44-45. Сепак, Кожув набрзина влезе во серија во третиот период, постигнувајќи 30 поени за десет минути игра (30-19), успевајќи до крајот дополнително да ја зголеми предноста.
Нацевски и Пековиќ беа најефикасни кај Кожув со по 17 поени, а одличен меч одигра и Апостолов, реализирајќи 14 поени и осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА