Давид Дејвис имаше победничко деби на клупата на Веспрем, откако шпанскиот стратег славеше како гостин против европскиот првак Монпелје со минимални 29-30. Идентично како и на претходниот дуел со Брест Мешков, повторно улогата на херој ја имаше вториот голман Миклер, кој одбрани зицер при последниот напад на домаќините.
Дејан Манасков ги погоди првите два шута и го заврши мечот со два погодоци. Дуелот го одбележа израмнета игра, Монпелје по првото полувреме имаше водство од 16-14, а во неизвесна завршница голот за победа го постигна Мачковшек. Монпелје имаше играч повеќе во последниот напад, изгради чиста позиција на пивот, но Миклер маестрално интервенираше, носејќи нови бодови по одбранетиот пенал за триумф во минатото коло против Брест Мешков.
Најефикасни во победничкиот тим беа Штрлек со шест и Нилсон со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА