Металург реди порази во Лигата на шампионите, но барем младите ракометари на клубот од „Автокоманда“ добиваат време преку меѓународни натпревари час поскоро да созреат во квалитетни играчи.
Еден од нив сигурно е и младиот Стефан Додиќ, кој на 15-годишна возраст доби можност да настапи на вчерашното гостување против Чеховски медведи. Момчето родено во Врање влезе во игра, па дури и постигна два погодоци, со што стана најмлад стрелец во историјата на елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА