Португалија е моќна и без Роналдо…. (ВИДЕО)

Портуалија игра одлично и без Кристијано Роналдо кој беше изоставен од репрезентативниот список за октомврискиот собир. Во пријателски натпревар Португалците славеа против Шкотска со убедливи 1-3.

Во првото полувреме Хелдер Коста донесе водство со голот во 43. минута. Во вториот дел најпрво Едер зголеми на 0-2 во 74. минута, а Брума во 84. минута донесе и 0-3.

Конечните 1-3 ги постави Наисмит во судиското продолжение од мечот.

Се вчитува...