ЛИГА НА НАЦИИ: Италија во 92. минута славеше во Полска, Црна Гора убедлива во Литванија

Италија со гол во втората минута од судиското продолжение стигна до триумф на гостувањето против Полска во 3. коло од Групата 3 во А лигата на УЕФА Лигата на нации.

Во меч без многу возбудувања на крајот Италијанците успеаја да слават со погодокот на Кристијано Бираги во 92. минута од средбата…

Во Лигата Ц, Црна Гора убедливо со 1-4 славеше на гостувањето против Литванија. Мугоша во два наврати и Копитовиќ беа стрелци за Црногорците уште во првото полувреме за 0-3, Зориќ во 86. минута погоди за 0-4 а почесниот погодок за домашните го постигна Баравикас во 88. минута од натпреварот.

Израел ја совлада Албанија со 2-0 со головите на Хемед уште во 8. минута од средбата и Саба во 86. минута.

ЛИГА А (Група 3)

Полска – Италија 0-1

ТАБЕЛА: Португалија (2 меча) 6 бода, Италија (3) 4 бода, Полска (3) 1 бод.

ЛИГА Ц (Група 1)

Израел – Албанија 2-0

Група 4 (4. коло)

Литванија – Црна Гора 1-4

ТАБЕЛА: Србија 8 бода, Црна Гора 7, Романија 6, Литванија без бодови.

Се вчитува...