Дејан Милосављев се „претплати“ на место во Топ 5 листите за најдобри голмански интервенции во Лигата на шампионите, сосема заслужено со оглед на одличната форма во која брани новиот чувар на мрежата на Вардар. Србинот имаше низа одлични одбрани и против Кјелце, а со една од нив стигна до петтото место на најновата ранг-листа.
Во неа има место и за голмански великани како Гонзало Перез де Варгас и Миклер, а петте најдобри одбрани во петтото коло од Лигата на шампионите можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА