ЕКИПА во Ереван,
Никола Ѓуровски
Најдобрите македонски фудбалери го почувствуваа тревникот на стадионот „Вазген Саргсјан“, каде утре, со почеток во 18 часот, ќе го играат четвртиот меч од групниот сегмент во Лигата на нации. Одлична атмосфера, по некоја „заушка“ за да продолжи традицијата и насмевки, како одлично остликување на реалната ситуација за првото место на табелата.
Селекторот Игор Ангеловски побара од фудбалерите максимална сериозност и на овој дуел, иако речиси ни е гарантирана првата позиција и настапот во плејофот за пласман на ЕП 2020. Но, победниците размислуваат победнички за секој нареден меч, а Македонија сака да го надгради својот победнички менталитет.
фото: Петр Стојановски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА