Билтенот со пропусти, забелешки и казни во домашниот кошаркарски шампионат понекогаш е исклучително забавно четиво. Покрај стандардните пропусти, неработење на семaфори, немање заштита за клупите на играчите, понекогаш има и слабости, а и решенија за нив кои на најдобар начин го отсликуваат нивото на најсилната македонска кошаркарска конкуренција.
Така, во првото коло од сезоната на дуелот меѓу Вардар и Куманово, немањето интернет во салата, кој е инаку задолжителен, било решено со „hotspot“.
„Пред почетокот на натпреварот во салата немало интернет конекција, по консултација со делегатот домаќинот обезбедил интернет конекција преку мобилен телефон“ – стои во билтeнот на МКФ.
За пропустот, Вардар поминал само со опомена од комесарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА