Жестока одмазда против Гибралтар, како увертира за новата генерација (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 години зад себе остава квалификациски циклус за заборав, со освоеното претпоследно место во групата.

Па, затоа денешната убедлива победа од 6-1 против Гибралтар во последното коло може да се разбере само како жестока одмазда за срамниот наш пораз во првиот меѓусебен натпревар, но и како увертира за сето она што оваа нова генерација ја чека во следниот квалификациски циклус.

Последните неколку натпревари од квалификациите кои завршија, новиот македонски селектор Добринко Илиевски се одлучи да ги игра со фудбалери на кои ќе се смета и за следниот квалификациски циклус. Јасно е дека тогаш ќе се очекуваат и далеку подобри резултати од овие кои сега ги оставаме зад нас…

 

Се вчитува...