Јошко Петковиќ е изборот на управата на Пелистер за нов тренер на битолскиот клуб, откако српскиот стратег вечерва пристигнал во Битола и ги договорил условите за седнување на клупата на „зелено-белите“.
По оставката на тренерот Томче Петрески во игра беа неколку стратези од Македонија и од странство, за на крајот изборот да падне врз искусниот српски тренер, кој има оставено силна трага врз македонскиот ракомет низ годините, како трнер на Кометал ЃП, Вардар, Металург, Младост Богданци…
Петковиќ ланската сезона го водеше тимот на Железничар од Ниш, со кого стигна до трофејот во Купот на Србија, но по загубената битка за титулата беше сменет со Веселин Вујовиќ.
Пелистер по првите пет кола има скор од три победи и два порази, а главен предизвик за искусниот стратег ќе биде час поскоро да го воигра тимот кој како и во многу претходни летни периоди доживеа целосен ремонт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА