Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, ќе ги има на располагање стандардните првотимци Марсело и Иско за саботниот дуел против Леванте во Ла Лига. Двајцата фудбалери беа отсутни подолг период, а го искористија периодот на репрезентативната пауза за да се опорават и да се вратат во тренажен процес.
Марсело заработи повреда на листот на ногата на мечот против Севилја на 26 септември, додека Иско мораше да замине на операција на слепо црево. Сега и двајцата се враќаат во ритам и ќе му бидат на располагање на Лопетеги за дуелот со Леванте, како и за наредниот меч од Лигата на шампионите против Плзен на 23 октомври.
На 28 октомври, Реал Мадрид го очекува и првото „Ел Класико“ оваа сезона, гостувањето против Барселона на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА