Фенербахче и Реал Мадрид уште на стартот од новата сезона во Евролигата најавуваат дека ќе бидат меѓу главните кандидати за пласман на Ф4. Турскиот тим на домашен терен го совлада Химки со 93-85. Николо Мели со 16 поени беше предводник во составот на Жељко Обрадовиќ, а Луиџи Датоме постигна 14. Алексеј Швед беше најефикасен на мечот со 26 поени, но тоа не беше доволно за Химки да стигна до позитивен резултат.
Реал Мадрид го освои Милано, совладувајќи го на гости Армани со 85-91, и тоа по голем пресврт. Најефикасни во таборот на „кралевите“ беа Ентони Рендолф со 25 поени и Факундо Панкуцо со 21 поен. Мајк Џејмс уфрли 21 поен за Армани Милано.
Олимпијакос на гости славеше против Басконија (80-85), а Жалгирис исто така беше убедлив на гостински терен против Анадолу Ефес (79-93).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА